Варвициотис обвинува: Ердоган си игра со оган и дополнително ја изолира Турција

0
587

Ердоган си игра со оган и предизвикува огромни реакции, не само од Грција, туку и од сите играчи на меѓународниот систем, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милитадис Варвициотис во интервјуто за грчкото радио „Скај” и додава дека потезите на турскиот претседател покажуваат „тенденција за дополнителна изолација на Турција”, јави дописничката на МИА од Атина.

Коментирајќи ја одлуката на Анкара да испрати војска во Либија, но и говорејќи за последните позиции на Турција, Варвициотис вели дека „нео-отоманската визија на Ердоган не е нешто ново, но му завртеа грб речиси сите земји на кои што им се обрати”.

Денес можам со сигурност да кажам дека не гледам дека се успешни овие потези, веројатно покажуваат тенденција за изолација на Турција, без да велам дека ова нѐ смирува нас, во никој случај. Ние не сме ниту смирени, ниту сме успокоени, ние сме во состојба на будност. Во секој случај, ги правиме дипломатските потези што треба да ги правиме. Најважно е да се интернационализира прашањето и да постои јасна и едногласна осуда, а секако една од основните наши цели е задржувањето на безбедноста во регионот – рече Варвициотис.

Коментирај