Вардарски: Македонската дама која има повеќе храброст од сите политичари заедно! (видео)

0
1078

Вардарски: Ангелина Маркус за Македонските работи

Ангелина Маркус (моминско презиме Шуплиновска) е родена во 1932 година во Тополчани, Прилепско. Таа е македонски автор, историчар и професор по филозофија. Во своите дела Маркус пишува за античката и средновековната историја на македонскиот народ и е еден од научниците на современата Македонска научна фаланга.

Основно образование завршила во родното село, Гимназија во Прилеп, а Филозофски факултет во Скопје. До 1990 година работела како професор во повеќе гимназии низ Македонија, кога и се пензионирала. Уште во студентските денови ја привлекол пишаниот збор и повремено објавувала написи и пишувала песни. Од 1990 година почнуваат нејзините истражувања за древните вредности на Македонија, со критички осврт врз целата користена литература.

Автор на десетици книги во кои е опишано древното Македонско културно наследство, големите Македонци од минатото и историјата на Македонското Царство. Во своите обраќања пред Македонскиот народ на телевизија и на повеќе протести, јасно и гласно порачува – борба за Македонија, затоа што Македонија е вистината!

Погледнете избор од достапните видеа од г-ѓа Ангелина Маркус. Оваа дама сама има повеќе храброст од сите политичари заедно, а нејзиното знаење за Македонските работи е огромно!

Медицинската заклетва од Хипократ не е грчка, туку Македонска!

Нимиц е неспособен!

Политичарите ја прифаќаат измамата затоа што не знаат ништо за Македонија, но ние сме тука да им објасниме.

Најголемиот дел од светското културно наследство доаѓа од Македонија!

Македонците ја имаат најстарата писменост на светот!

извор – Вардарски

Коментирај