Вардарки убедливо славеа над Будуќност

0
128

Ракометарките на Вардар ја остварија и деветтата победа во исто толку одиграни натпревари во Лигата на шампионките.

Вардарки попладнево во „Јане Сандански“ го совладаа црногорскиот тим Будуќност со 31-24.

Целата работа црвено-црните ја завршија уште во првиот дел кој го добија со 19-8, па второто полувреме беше само чиста рутина.

Андреа Пенезиќ со 9 постигнати гола беше најефикасна во редовите на македонскиот шампион, но и на натпреварот, додека Кузњецова и Цвијиќ постигнаа по 4 гола, а глманката Амандин Лејно средбата ја заврши со 15 одбрани.

Вардарки се убедливо први во групата со 16 бодови, пред тимот на Мец (8), кој е следниот противник на вардарки во мечот закажан за 25 февруари во Франција

Коментирај