Вардар се враќа триумфално од Флензбург

0
327

Дека на Вардар му лежат германски екипи покажа и првиот дуел од четврт-финалето на лигата на шампионите против Флензбург. Нашите ракометари се враќаат со победа 26-24 (15-9) правејќи голем и важен чекор до пласманот на Ф4 турнирот во Келн. Останува да се одигра реваншот, во четврток во Скопје.

Одличното прво полувреме што го добија со 15-9 и го најавија триумфот на гостински терен. Во текот на второто полувреме во еден момент имса и „плус 7″ за водство 17-10. Темпото што го наметнаа во првото полувреме, малку падна во вториот дел од натпреварот, но во самата завршница го задржаа водство, и кога беше најпотребно во последните три минути Арпад Штербик имаше две важни одбрани. Можеа и со повисока разлика да се вратат, но нападот не успеа да искористи седум напади за шест минути, во период кога немаа реализирано ниту еден гол.

Уште после осум минути играње од самиот почеток домаќините беа приморани да бараат тајм аут откако вардарци поведоа со 3-1. Но, освен намалувањето на 3-2, сѐ понатаму беше во знакот на „црвено-црните”. Одлична игра во одбрана, разновидно и прецизно во напад беше рецептот за нивното водство до пет голови уште во 19 минута. Потоа зголемиа на „плус 6″ за 12-6, 13-7 и 15-9. Првото полувреме вардарци го завршија и со процент на реализација во нападот од 83 отсто, и со 42 отсто одбранети удари. Иако имаа и седум загубени топки беа на повисоко играчко ниво, помотивирани и пред сѐ скоцентрирани и подготвени за она што ги очекува во Германија.

Секој играч имаше свој период што го искористуваше. На почеток Душебаев, па продолжи Циндриќ, а џокер во самата завршница на првото полувреме беше пивотменот Рожерио. Немаа решение Германците за играта на црвено-црните. Тимур Дибиров крадеше топки кога беше најпотребно, а постигнуваше и голови во клучните моменти. Арпад Штербик повторно беше брилијантен, и заврши со 17 одбрани од што и еден пенал.

Кога на почетокот на вториот дел, во 35 минута поведоа и со 17-10 некои можеби помислија дека е сѐ готово. Но, и нашите знаеја дека има уште за играње, а Флензбург правеше сѐ да најде начин да ја сврти играта во своја корист. Почнаа и погрубо да играат, а тоа на моменти судиите го толерираа. Само во второто полувреме Вардар имаше осум минути исклучувања, од што и Вуко Борозан во 55 минута, иако тоа беше и повеќе од престрога одлука во моменти кога Флензбург се обидуваше да го намали резултатот, 26-22.

Во 49 минута Флензбург првпат се приближи на „минус 2″ на 21-23 најавувајќи неизвесна завршница. Црвено-црните во тие моменти веќе ги имаше искористено двата тајм аута што им следуваат, а домашните имаа уште еден за користење. Но, Вардар повторно направи разлика и зголеми на 26-22 во 54 минута. Во последните шест минути имае неколку шанси за гол, но токму тогаш домашниот голман се разбрани и имаше шест одбрани. Вардарци и покрај исклучувањето на Борозан, се одбранивме, а можеа да реализираат некој од седумте упатени удари на голот на Флензбург.

Реванш натпреварот се игра на 27 април во Скопје.

* Статистика од натпреварот:

– zapisnik_flensburg_-_vardar.pdf

–  Изјави од прес-конференција по мечот

 

Коментирај