Вардар се обиде, но не можеше да се врати: Прв пораз во новата сезона во ЛШ

0
707

Вардар денес го одигра натпреварот против Кил во рамките од Лигата на шмпионите.

Црвено-црните во првото полувреме изгледаат непрепознатливо. Кил доминираше во секој поглед на играта. Како играше Вардар во првите 30 минути најдобри говори податок што до 19-тата минута Вардар постигна само еден гол и тоа со удар од линијата за седум метри.

Во тој период од играта Кил водеше со неверојатни 1:11. Првиот гол во игра Вардар го постигна дури во 20-тата минута.

Кошмарните 30 минути за Вардар завршија со огромни 12 разлика во корист на Кил (4:16).

Вториот дел донесе многу подобра игра на Вардар во еден период од играта, во 18-тата минута Вардар дојде и до -5.

Меѓутоа тука повторно следуваше еден лош период од неколку минути после кој веќе немаше време Вардар да се врати.

Кил се врати на осум гола разлика и тогаш веќе стана јасно дека денес Вардар ќе ја плати цената лошото прво полувреме.

На крај Кил од Скопје си замина со победа од 11 голови разлика 20:31.

Извор: Спортски.мк

Коментирај