Вардар се искачи на првото место – го победи Загреб во дербито на СЕХА

0
284

Ракометарите на Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го победија ППД Загреб со 28:26 (13:12) во дербито на СЕХА лига.

Во неизвесен натпревар од почетокот до крајот, во кој двата тима имаа подеми и падови, „црвено-црните“ успеаја да освојат два бода и да се искачат на врвот на табелата.

Резултатот беше израмнет 26-26 на минути пред крајот, но Игор Карачиќ со два гола го реши победникот.

Најефикасен кај вардарци беше Дисингер со 7 голови, по четири постигнаа Криштопанс и Киселев. За Загреб се истакна Сршен со осум погодоци.

Вардар е на првата позиција со 39 бода, откако има 13 победи по 15 одиграни кола во СЕХА, додека Загреб е на третото со 36, исто колку што има и вториот Нексе.

Следниот меч во регионалната лига за тимот на Парондо е против Мешков Брест на 5 март во Скопје, а веќе во сабота има обврски во Лигата на шампионите, кога го пречекува Монпелје во последното коло од групната фаза.

Коментирај