Вардар продолжува со битките во СЕХА лигата

0
79

Македонскиот ракометен шампион Вардар денеска во рамките на 14 коло од СЕХА лигата, во Нови Сад ќе го одигра првиот дуел во 2019-та година.

Од девет меѓусебно одиграни натпревари, „црвено-црните“ имаат осум победи и само еден пораз.

Овој меч е своевидно загревање пред претстојните важни мечеви во Лигата на шампионите против Рајн Некар и Веспрем.

Вардар вечерва натерено ќе излезе без неколку ракометари. Игор Карачиќ доби пауза поради настапот на Мундијалот, додека поради повреда Борозан, Мораеш, Гедбан и Горбок најверојатно нема да настапат.

Вардар по 13 одиграни дуели го зазема второто место на табелата во регионалната лига со 11 победи и 2 порази, додека Војводина е на шестата позиција со 5 победи, 7 порази и едно реми.

Натпреварот во Нови Сад почнува од 17:15 часот

Коментирај