Вардар го задржа максималниот ефект во СЕХА лигата

0
372

Ракометарите на Вардар синоќа забележаа победа на гостувањето во Словенија кај Горење со 30:24 и со максимални 11 победи во СЕХА лигата ја завршуваат 2017 година.

Воедно ова беше 16 триумф по ред за „црвено-црните“ и 17. по ред во СЕХА лигата.

Вардар на овој начин ја затвори најуспешната клупска година со пет освоени трофеи, во домашниот куп, првенството, СЕХА лигата, домашниот Супер куп и ЕХФ Лигата на шампионите.

Следниот меч од СЕХА лигата, Вардар го игра на 2 февруари во Брест против Мешков.

Коментирај