Вардар го дозна распоредот за светското клупско првенство

0
113

Eвропски шампион Вардар на крајот на овој месец ќе учествува на Супер Глoуб турнирот кој ќе се одржи во Саудиска Арабија. Црвено-црните турнирот го започнуваат од четвртфиналето и во него ќе играат против победникот од натпреварот помеѓу Ал Мудхар и Њујорк.

Без разлика кој ќе биде противникот Вардар ќе биде голем фаворит и не би требало да има проблеми да се избори за полуфинале, а таму може да се сретне со германски Кил.

Кил доби покана од организаторот на турнирот и во четвртфиналето ќе игра против Сиднеј.

За Вардар ова ќе биде второ учество на овој турнир.

Коментирај