Вардар е првиот финалист!

0
660

Вардар е првиот финалист во Фајналфорот од регионалната Сеха лига кој се игра во Скопје. Полесно од очекувањата екипата на Вардар во првото полуфинале ја порази екипата на Мешков Брест од Белорусија со резултат 33-24 (полувреме 17-14).

Најдобар стрелец кај “вардарци” беше Лука Циндриќ со 6 погодоци, додека пак Арпад Штербик имаше “страшен” натпревар со 20 одбрани.

Во второто полуфинале кое ќе се игра во 20.15 часот ќе се сретнат хрватскиот тим ППД Загреб и словенечкиот Цеље.

Дали Вардар ќе ја освои и четвртата титула во Сеха лигата ќе видиме во финалето кое ќе се одигра во недела во 20.15 часот.

 

Коментирај