„Вардар“ (1905) – Првото списание за наука, литература и политички прашања напишано на македонски јазик

0
79

„Вардар“ е првото списание за наука, литература и политички прашања напишано на македонски јазик чиј уредник и основач бил Крсте Мисирков. Списанието било објавено на 1 септември 1905 година (стар стил) во Одеса, Украина.

Се планирало да излегува еднаш месечно, но списанието излегло само во еден број. „Вардар“ е составено од неколку секции каде се обработуваат македонското прашање и странските пропаганди, народното творештво, литературата, статистиката и етнографијата на Македонија, како и теми од светската гео-политика.

На насловната пишува дека наредник-издавач е К(рсте) П(етков) Мисирков. А во текстот од обраќањето пишува дека „Вардар“ ќе го привлече вниманието на сите што се интересираат за македонското прашање.

Во продолжение пишува дека западно-европејците се нешто што може да причини голема штета на интересите на сите заинтересирани за македонското прашање.

* * * * *

Списанието започнува со уводник на македонски „Од наредилницана“, пренесен и на руски јазик. Веднаш по рускиот превод на уводникот објавена е песната „Патник“ од Петар Прерадовиќ, што претставува прв превод од хрватска поезија на македонски јазик. Носечки текст во првиот број е „Извикнува i н`ето и разбор на бугарцката и србцка теори i и за народноста на мак`едонците“.

За жал, Мисирков во првиот број ја обработува само бугарската теорија, додека српската ја планира за вториот број, па ова негово видување никогаш не е објавено.

Потоа, во првиот број на списаниото „Вардар“ следел етнографско-демографско-статистичкиот труд „Список села од i ужна Мак`едони i а (Пазарцко, Гевг`ели i цко и Кукушко)“ што го составил Мисирков како студент во 1900 година. За жал, направената „Об i аснителна забелешка за то i список и за Солунцкото равнишче, со плани i н`ето“ авторот најавува дека „к`е бидит дадена во друг`от бро i на Вардар“, кој никогаш не е составен и испечатен.

Потоа следи рубриката „Народни песни“ со единствениот запис на народна песна од Мисирков, како и два записа на безнасловни песни од Ф. Николов. На крајот е рубриката „Современ живот“ во која Мисирков објавува два кратки, непотпишани хроничарски записи за Македонија и Русија.

Во своето списание „Вардар“ (1905) Мисирков ги редува појавувањата на теориите за народноста на Македонците: таму пишува, дека најпрвин се оформила бугарската, после грчката и најназад српската. Македонската теорија воопшто не ја приклучува кон овој редослед, како нешто што е автохтон развиток и надвор од пропагандите.

Понатамошното излегување на списанието „Вардар“ би имало големо значење и влијание врз понатамошниот развој на настаните, но од различни причини тоа е спречено. Соседните пропаганди, Руската револуција, која во тој период особено се одразила во Одеса била дополнителна пречка.

Krste-Petkov-Misirkov-Vardar-1 Krste-Petkov-Misirkov-Vardar-2

Коментирај