Ванковска: Циник им ја правел пропагандата – Прво ти кажува за 1944 и 1991, а потоа бара да ги поништиш!

0
780

За првпат ја гледам платената јавна пропаганда на ТВ! Ова како најголем циник да го правел! Прво ти кажува за 1944 и 1991, а потоа бара да ги поништиш (во преамбулата) со “нов чекор”!

Да го покажеш Киро Глигоров и неговиот растреперен глас – и да го поплукаш во наредниот миг! А за генерал Вуковарски што да кажам?! Човек кој беше на страна на “моќните” среде Вуковар, на денот кога РМ го доби својот устав – и за тоа беше награден со чин мајор од Белград! А оној што докторирал на ЕУ интеграцијата ми беше магистрант. Сега докторира и на јавна пропаганда. Итн. Како само ни ги трошат парите за кои не’ задолжуваат секој ден!

БОЈКОТИРАМ – колку повеќе лажат и манипулираат, толку повеќе заслужуваат презир!

Пишува: Проф. д-р Билјана Ванковска на Фејсбук


„СИТЕ САКААТ ДА ЈА ПРИГРАБАТ МАКЕДОНИЈА! Е, ПА, НЕ МОЖЕ. ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДО ПОСЛЕДЕН ЧОВЕК, АМА НЕМА ДА МОЖЕ!“ – КИРО ГЛИГОРОВ

Киро Глигоров во 2010: Сите сакаат да ја приграбат Македонија, епа не може (ВИДЕО)

Коментирај