Ванковска: Оние што ве повикуваат да бојкотирате се во таен сојуз со СДСМ

0
244

“Можеби грешам, ама ми се чини добро забележувам дека поддржувачите на власта и на Бојкотирачите стапија во бизарен сојуз – против Сиљановска!

До вчера некои велеа дека ВМРО-ДПМНЕ е во таен сојуз со СДСМ, но сега триаголникот се смени: сега овие со фанатична посветеност прават се’ да извалкаат и омаловажат ЛИЧНОСТ! Личност која ниту ја познаваат, ниту им сторила зло!

Удираат по научна кариера (демек, нивната била поблескава), удираат по деца (демек, нивните се подобри), удираат по години и изглед (мислиш тие се ептен згодни), удираат по морал (нарциси и егоисти), удираат по нејзината љубов за Македонија (божем тие се олицетворение на Гоце Делчев и Крсте Мисирков заедно).

Не знам за вас, ама мене ми се згадија мнозина поради ситните души, повредените ега, кусогледоста и отсуство на план, а богами и непреземање ништо повеќе од плукање по ФБ и морализирање!

За среќа, одлучува обичниот човек, а тој е помудар од интелектуалните вождови! Јас верувам во Гордана и во мојот народ.”

Фејсбук објава на Билјана Ванковска

Коментирај