Ванковска: Наместо слуга на народот, Димитров глуми психијатар

0
953

„Никола Димитров ќе беше херој ако смогнеше храброст и кажеше дека подеднакво искомплексирани нации, ако не и повеќе од нас, се токму грчката и бугарската. Еве, ние сме принудени да им дадеме „тапија” на нивните националистички митови затоа што инаку се преплашени и не знаат кои се! Дури и со НАШ истав гарантираме НИВЕН политички суверенитет и поредок!

Димитров да си даде оставка и да оди да си го заврши докторатот кај мојата колешка, попаметно ќе му биде. Наместо слуга на народот (министер), тој глуми психијатар и дели дејагнози за оние на кои треба да им служи!“

Пишува: Проф. д-р Билјана Ванковска на Фејсбук

„Мочко со ништо создадено зад себе, со леснотија се откажува од тоа што ние Македонците со генерации сме го создавале.“, коментираше академик Горазд Росоклија под објавата.

После тоа, тој на својот Фејсбук профил објави текст со наслов „НАШИТЕ ПРЕТЦИ, НИЕ И НАШИТЕ ДЕЦАкаде на почетокот запраша „Дали е прогрес уништувањето на македонската држава и на македонската нација во чии темели се вградени нашите животи, животите на нашите татковци и на сите наши претци?“ 

Горазд Росоклија: НАШИТЕ ПРЕТЦИ, НИЕ И НАШИТЕ ДЕЦА

Коментирај