Ванковска: Бескрупулозноста и безобразлукот на некои „патриоти“ ги преминува сите граници

0
337

Бескрупулозноста и безобразлукот на некои „патриоти“ ги преминува сите граници. Настрана Миленко и неговите примитивни прозивки, па дури и тврдења дека сум била „политички опортунист“ (се прашувам: а како сум профитирала јас политички во мојот живот?! Сум добила субвенции за фарми, бизниси? Сум била носител на функции, член на управни одбори?).

Настрана и надмените остроумни научници кои сите други, неистомисленици, ги класифицираат како скромноумни (ако не си по нивниот „супериорен ум“, тогаш си скромноумен). Туку, синоќа еден „голем Македонец“ од Асвтралија (Александров) не’ обвини мене, Силјановска, Апасиев и не знам уште кој дека сме биле платени од странски фондови уште лани кога сме се бореле во рамки на Бојкотирам.

Ме разлути од проста причина: јас бев единствената којашто напиша колумна за тоа дека владата ја имаше ангажирано (или удомено) пи-ар фирмата Стратегем („Стратегиски гем-сет“), која требаше да разговара со сите чинители (за и против) за да изгради стратегија како да им помине референдумот. Ние одбивме да разговараме со такви ликови. (Да бидам попрецизна: Силјановска одби, а мене не ме ни поканија)

Да скратам: Македонец на Македонец му е – Македонец! Наместо гледање на поопшт интерес, тој се занимава како ситна душа со „сечење глави“, „лов на вештерки“, клеветење и инсинуирање. Ако тргнете по паметот на овие тројца, сите ние кои најмалку две години од животот вложивме во оваа последна битка, сега треба да бидеме дискредитирани само затоа што сметаме дека треба да се искористат сите расположливи демократски и ненасилни, хоризонтални и вертикални, методи на борба.

За среќа, сето она што сум го правела и го правам е со чиста мотивација, без лукративни зделки или некакви очекувања (фотељи!). Ќе ми биде жал, ако македонскиот народ не прогледа, ама и ако не се случи тоа (покрај толку Месии), тогаш барем ќе се повлечам со мирна совест: сум сторила се’ што било човечки можно!

Фејсбук објава на Проф. д-р Билјана Ванковска

Во коментар под својата објава Ванковска напиша: „Овој Александров ме разлути најмногу!!! Среде милион средби со новинари од цел свет, за време на референдумот, инсистираше да не сретне и запознае. Потоа бараше средба и со Димитар Апасиев и со Силјановска. Сега не’ олајава кај стигне и врв на се’: сме биле потплатени!!!“

Коментирај