Ванковска: Албанските лидери никогаш не смееле ни да кивнат без дозвола од Калето, ова е драмолетка демек Заев ја брани македонштината

0
439

Касами и Сеља никогаш не криеле какви се нивните политички визии и барања, но сега се плашам дека е ова драмолетка со која сакаат да не’ доведат во уверување дека Заев ја брани македонштината (заедно со Бетка и компанија). Они као нападају, а ови као бране. Албанските лидери никогаш не смееле ни да кивнат без дозвола од Калето, а таму Преспанскиот е апсолутен приоритет. Послушноста веќе безброј пати ја докажаа сите македонски политички партии во парламентот, вклучувајќи го и ДПМНЕ. Но, кога ќе помине промената на уставот, со креативно толкување (особено на новата премабула) ќе се премине кон кантонизација и постепена федерализација на државата – за што нема да ни бидат криви ни Грците ни Бугарите. Мислам дека имаат 2/3 мнозинство, само не’ држат во тезија за да на крајот дури и си речеме: уф, добро е, можеше полошо да биде! Инаку, ова тегавење мене повеќе ме асоцира на вицот со кокошката која бегала за да не речат дека е „лесна“.

Инаку, редефинирањето на Македонија е долг процес кој трае најмалку од 2001 година. Македонија (Македонците) остануваат како во некаков чуден историски конундрум, во сендвич меѓу старите балкански национализми. Но, чинам, никогаш ситуацијата не била потешка и побезизлезна. Македонскиот народ успеа да го изгуби она што го има стекнувано и градено во неверојатно кус период, поради коцкарот кој го ставија на власт однадвор (пошто нема династија која би се нафатила, а и не сме баш некоја премија, избраа еден од Муртино, кој верува дека е црпнат и со божја мисија). Од готово – вересија! И да се разбереме: никој не е повеќе крив за ова што ни се случува од нас самите, од нас постарите генерации, ама и од оние кои пораснаа по 1990-та (транзициските генерации).

Денешниот ден ги има сите шанси да остане запомнет како Црниот петок.

Пишува: Проф. д-р Билјана Ванковска на Фејсбук

Коментирај