Ванковер Манчев и Васил Пишев промовираа проекти пред бизнис заедницата од Струмица

0
2617

Кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија во изборната единица 4, Ванковер Манчев и Васил Пишев промовираа проекти пред бизнис заедницата од Струмица.

Во склоп на нивната денешна агендата за посети на приватни компании,  ја посетија првата приватна печатница во Струмица „Графо сервис“.

Остварена беше средба со генералниот менаџер на компанијата г-а Весна Делева, на кои што беа презентирани проектите од програмата на Коалицијата за Подобра Македонија – Реално, кои се насочени кон подобрување на условите за работа на малите и средните претпријатија.

img_7609

Притоа, кандидатот за пратеник Ванковер Манчев истакна дека со новата програма на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со оданочувањето со 0% данок за реинвестираната добивка.

Генералниот менаџер на компанијата Весна Делева се надоврза дека ваквите мерки придонесуваат за развој на фирмите кои се занимаваат со таа дејност и следствено на тоа постојат големи можности за отворање на нови работни места за лица кои се образовани во областа на графичкиот дизајн и печатење.

img_7607

Кандидатот за пратеник, Васил Пишев информираше дека новата Влада, предводена од Коалицијата за Подобра Македонија ќе воведе бесплатни совети за микро и малите претпријатија од даночната област. Исто така, објасни дека со новата стратегија се предвидуваат мерки за јакнење на конкурентноста на малите и средните претпријатија, мерки за брзорастечките претпријатија и за унапредување на иновативноста, која реално ќе го олесни и подобри работењето на компаниите од оваа област.

Коментирај