Ванковер Манчев оствари средба со земјоделците од струмичко

0
687

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 4, Ванковер Манчев, оствари средба со земјоделците од селото Баница. На средбата, ги презентираше проектите од програмата „РЕАЛНО“, каде што за наредните четири години, предвидени се 600 милиони евра кои ќе бидат наменети за поддршка за земјоделците и руралните средини во Република Македонија!

vanko1Покрај субвенциите по грло, површина, килограм или литар производ кои се сигурна поткрепа на приходот на земјоделците, особено внимание ќе биде посветено на поддршката на инвестициите во земјоделството и развојот на селата. Исто така, ќе се продолжи со инвестирањето по најмалку 35 милиони евра секоја година за набавка на нова опрема и механизација, во наводнувањето и подобрување на условите за живот во населените рурални места.
Од почетокот на 2017 година инвестициите поддржани преку програмата ИПАРД 2 ќе бидат кофинансирани со зголемен процент на кофинансирање од 60%, за разлика од претходните 50%.

Земјоделците ќе можат да сметаат на најмалку 60% поддршка од државата во набавката на трактори, механизација, опрема, купување на добиток, подигање на овошни и лозови насади, инвестиции капка по капка, реконструкција на објекти за одгледување на стока.

vanko-2Од планираната инфранструктура за струмичкиот регион, планирано е изградба на доводен цевковод од брана Водоча до зафат на главен канал Водоча. Со досегашниот начин за наводнување од акумулацијата Водоча се користеше така што водата се испушташе по речното корито и понатаму се спроведуваше со главниот довод во мрежата за наводнување. Овој начин не беше соодветен бидејќи се губат одредени количини вода, се влошува квалитетот и сл. Поради тоа, ВМРО-ДПМНЕ со Програмата „РЕАЛНО“ предвидува изградба на доводен цевковод од брана Водоча до постојниот зафат.

Коментирај