Ван ден Берг: Кому му требаат непријатели при соседи како Грција и Бугарија?

0
3802

Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, го коментира уценувањето на регионалните кандидати за Европска унија од нивните соседи и нејзини членки.

„Пријателство под услов тој, тој и тој. Поддршка за отпочнување преговори за пристапување во ЕУ на иста основа. Кому му требаат непријатели кога соседи ви се Грција и/или Бугарија, кои не се двоумат да изнудат отстапки од Албанија и/или од Македонија (а и понатаму очекувате целосна соработка во Југоисточна Европа“, прашува тој на Твитер, откако ја демаскира политиката на уцени.

Hans-van-den-Berg-Twitter-1

„Уцената е невообичаено толкување на пријателството (договорот). Бугарија негира македонско малцинство во својата земја, но барајќи малцински права во странство ја отсликува политиката на Грција во однос на Албанија. И двата случаја (Бугарија/Грција) се транспарентни: национализам за принуда на соседот и злоупотреба на аспирациите на Македонија/Албанија за ЕУ“, твитна тој.Hans-van-den-Berg-Twitter-2

 

Коментирај