Валандовско-удовската акција на ВМРО во 1915

0
4068

Валандовската афера, позната како Валандовска акција или Валандовско-удовска акција, била вооружен напад на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО),извршен на 20 март 1915 година против српски сили на три пункта во југоисточниот дел на Вардарска Македонија. Акцијата е една од најголемите борби во историјата на ВМРО.

687px-nezavisna_makedonija_-_vmroКонтекст

Со почетокот на Првата светска војна во 1914 година, Бугарија се обидувала да задржи неутрална позиција во односите помеѓу двете спротивставени блокови: Антантата и Централните сили. Ваквата наводна неутралност се должела на фактот што Бугарија преговарала во исто време и со двете страни и во рамките на тие преговори се обидувала да добие што поголеми територијални отстапки. Бугарските територијални барања најмногу се однесувале за територијата на Македонија. Во тие преговори Бугарија се решила да ја заземе страната на Централните сили, кои и ја ветиле целата територија на Македонија по завршувањето на војната.

Од тој момент започнале подготовките за вклучување на Бугарија во војната. Врховната воена команда на земјите на Централните сили по многу нешта ја сметале улогата на Бугарија за клучна во развојот на понатамошните воени операции. Тоа се должело на плановите според кои Бугарија со заземањето на Македонија и важната геостратегиска Вардарска долина би ја пресекла отстапницата на српската војска на југ, која една година била во војна и веќе го започнала своето повлекување под силниот притисок на австро-унгарската војска. Подготовките на Бугарија за влегување во војна биле во насока на тоа во Македонија да се создадат услови кои би испровоцирале нејзино вклучување во истата заради наводната заштита на населението, кое тие го сметале за бугарско.

Во таа насока Бугарија сакала да ги искористи на своја страна разните македонски организации, пред се ВМРО, заради исполнување на нејзините намери. За да започнат вооружените провокации на територијата на Србија, преку бугарската влада на Радославов од страна на Австро-Унгарија биле дадена парична сума од околу 25 милиони златни круни, кои за таа цел биле наменети на користење на ВМРО на Тодор Александров. Благодарение на тие финансиски средства, но и на паролата за автономна Македонија, како и антисрпското расположение кај раководството и четниците на ВМРО, започнале интензивни подготовки за навлегување на комитските чети на територијата на Македонија под српска власт и изведувањето на терористички и атентаторски акции. По целата должина на српско-бугарската граница во делот кон Вардарска Македонија од страна на ВМРО биле возобновени старите канали за снабдување со оружје и обновени пограничните пунктови преку кои требало да се извршат нападите. Раководството на ВМРО за таа цел се поврзало и со турски и албански комитети, кои се приклучиле со свои вооружени чети во заедничките напади против Србија. Тие вооружени напади се одвивале на тој начин што четите на ВМРО и турските чети навлегувале во Источна Македонија, додека албанските чети се судирале со српските вооружени формации во Западна Македонија.

Замисла и цел

Како геостратегиски најважно подрачје за изведување на вооружените акции, било оценето дека бил просторот во близината на Валандово, кое се наоѓало најблиску до тогашната српско-бугарска граница. Комбинираниот напад на четите на ВМРО и турските чети, потпомогнати од специјалисти за експлозив и пиротехника од Австро-Унгарија бил извршен токму во овој дел на Македонија на 20 март (стар стил) 1915 година.

Првичната цел на нападот била да се изврши уништување на мостот преку кој поминувала железничката линија на реката Вардар кај станицата Удово за да се прекине снабдувањето на српската војска на линијата Солун-Скопје, да се нанесе удар врз српското присуство во Бојмија и да се принуди Србија на поголеми отстапки при решавање на македонското прашање.

p_chaule

На чело на комитските чети на ВМРО се наоѓале војводите: Ване Стојанов, Петар Чаулев, Љубомир Весов, Панајот Карамфилов, Тодор Петров, Никола Лефтеров, Туше Скачков, Христо Делчев и други, а според овие податоци, нивниот број за време на нападот кај Валандово и Удово изнесувал околу 400 души четници и 600 души селска милиција или вкупно околу 1.507 души, кон нив се приклучила и една турска чета, на чело со Хусеин Хаки бег.

Дејствие

Утрото на 20 март околу 400 души четници и 600 души селска милиција или вкупно околу 1.507 души ги нападнале трите утврдени пункта во Валандово, Пирава и Удово. Околу десет часот, борците на ВМРО успеале да влезат во Валандово, додека борбите кај Пирава и Удово се воделе до ноќта. Првобитниот отпор на српските единици бил скршен и започнало опколувањето на Валандово, со чија одбрана од српска страна раководел мајорот Михајло Милијашевиќ на чело на единица од 120 војници. Во борбата за заземање на Валандово, српската војска во жестоките престрелки со комбинираните комитско-турски единици била десеткувана, при што ранетиот мајор Милијашевиќ успеал да ги евакуира оние малку српски жители во градот и да ги испрати во Гевгелија.

Борбата за градот добила во свој интензитет во раните утрински часови на 2 април 1915 година кога благодарение на силниот притисок што дошол од јужната страна српските војници биле принудени да го напуштат Валандово. Оваа вооружена група што била пресудна за таквиот исход на битката била предводена од војводата Стојче, капетанот Тома Икономов, турскиот капетан Хусеин ефенди и бугарските поручници Николов и Казаков. По заземањето на градот раководителите на акцијата им одржале митинг на жителите на Валандово, на кој се говорело за скорешното ослободување на Македонија од српско ропство.

Во вечерните часови на 2 април, вооружените чети на ВМРО, заедно со турските чети, се повлекле на бугарска територија со што бил ставен крај на оваа вооружена акција, која повеќе имала цел да предизвика вовлекување на Бугарија во војната на страната на Централните сили.

Во судирот загинале 40 комитски и турски четници и милиционери, од другата страна, 470 српски војници и офицери 7 загинале, 353 војници и офицери 8 биле заробени.

650px-flag_of_imro-svg

Резултати

Вооружената акција имала широк меѓународен одглас. Српската влада и другите земји испратиле протестни ноти до Софија, обвинувајќи дека Бугарија ја организирала на акцијата, а четите биле предводени од бугарски, австриски и турски офицери. Бугарија ги отфрлила обвинувањата истакнувајќи дека вината лежи во лошото српско управување, а за да се оправда пред надворешните фактори, пунктовниот началник на ВМРО, Коце Ципушев бил повикан да даде објаснувања лично пред премиерот Васил Радославов, кој предупредил дека треба да се работи внимателно за да не се наруши меѓународниот престиж на Бугарија.

Во Валандовско, српските власти започнале системски терор над локалното македонско и турското население – стотици луѓе биле уапсени и мачени. Како резултат на акцијата на ВМРО над 6.000 бегалци се упатиле кон Бугарија.

Извор: wikipedia.org

Коментирај