И вакво нешто видовме: Во Бразил фудбалери на теренот го туркаа во возилото на брзата помош (Видео)

0
215

Ситуација на која човек не знае дали да се смее или да биде загрижен…

Васко Де Гама и Фламенго одиграа 1:1 во рамките од 25 коло во бразилската Серија А. Поведоа домаќините со голот на Риос во 28 минута, но Густаво со постигнатиот автогол во 62 минута ги постави конечните 1:1.

Меѓутоа она за што се пишуваше после натпреварот во медиумите од овој натпревар не е резултат или некој погодок.

Имено, фудбалерите на двата тима заеднички во една ситуација мораа да го туркаат возилото на брзата помош.

Ете и ваква ситуација видовме на фудбалските терени…

Извор: taratur.mk

Коментирај