В сабота огнови и лепче, в недела василичари и Нова година

0
140

Според календарот на Македонската Православна Црква (Јулијанскиот календар) на 14. в недела всушност е 1 јануари. Тоа е осмиот ден од раѓањето кога Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството.

Истиот ден се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил голем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година.

Во нашата традиција или во најголем дел од Македонија в сабота навечер се палат василичарски огнови, се меси и се крши лепче со паричка, се дочекува нова година, а во некои делови се играат и карти. Во недела се дочекуваат василичарите и ним им се подготвува тоа што им се дава и на коледарите за Божик.

Извор: Expres.mk

Коментирај