Ужасни сцени во Австрија: Судијата тешко повреден, мечот прекинат (видео)

0
356

Натпреварот од квалификациите за Лига Европа помеѓу Штурм и АЕК Ларнака беше прекинат во второто полувреме, откако беше повреден линискиот судија.

Навивачите го погодија судијата со шише во глава, а тој остана да лежи крвав на тревата. Главниот судија за момент го прекина мечот, но откако му беше укажана помош на повредениот судија натпреварот продолжи.

Гостите од Кипар победија со 2:0, а стрелец на едниот гол беше Иван Тричковски.

Извор: sportski.mk

Коментирај