Утре завршува рокот за доставување барања за субвенции за задругите

0
1680

До утре трае рокот за доставување барања за основање и работење на земјоделските задруги.

Во првата година од основањето задругите вимаат право за директорот и еден агроном или ветеринар да побараат субвенции во висина од една месечна просечна плата.

Финансиската поддршка е неповратна, а средствата се предвидени за основањето и за работењето на регистрираните земјоделски задруги.

Субвенциите за осигурителните полиси за задругарите се повисоки и изнесуваат од 70 до 80 проценти во зависност од големината  на задругата, но не повеќе од три милиони денари годишно.

Барањата се доставуваат секои три месеци, а првиот рок е до 15 април годинава.

Досега во Македонија се запишани 29 земјоделски задруги од кои 24 од мал и пет од голем обем, со вкупен капацитет од 870 хектари обработлива површина, 260 пчелни семејства, 450 говеда, 250 овци и 200 кози.

Коментирај