Утре стартува турнирот во мал фудбал „Скопје 2017“

0
567

 

Празникот на независноста 8. септември е денот кога ќе започне  6. издание на најголемиот турнир во мал фудбал во Скопје кој се игра за награден фонд од 300 илјади денари.

Свеченото отворање е закажано во 21 часот во петок а турнирот се игра под покровителство на град Скопје и градоначалникот Коце Трајановски  и со поддршка на општина Аеродром во Ново Лисиче.
Организаторите велат дека имаат веќе солидна бројка на екипи и дека пријавувањето привршува денеска до 17 часот.
Извлекувањето на групите е закажано за во 20 часот во СЦ Аеродром во ОУ Блаже Конески.

Коментирај