Утре протест за минарето на Алипашина џамија: За нашиот Охрид до крај!

0
494

Граѓанската иницијатива „Совест“ за вторник закажа протест пред „Али Пашина џамија“ во Охрид, на кој најавуваат искажување на револт за нелегалната градба на минарето на овој објект.

Во објавата на „Совест“ стои:

Се повикуваат жителите на Охрид со мирен протестен собир да го изразиме револтот за дивоградбата на Алипашината џамија. Протестот ќе се одржи на 19 март во вторник во 16 и 30 часот пред Алипашината џамија на потегот од Стариот чинар до скаличињата кај Амамот. За нашиот Охрид до крај!!!

Извор:Република

Коментирај