Уште овој викенд сончеви и топли температури, од понеделник промени

0
361

До крајот на неделава ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност, а од понеделник ќе има освежување за десетина степени, пороен дожд, грмежи и ветер.

Според УХМР, дневните максимални температури до недела ќе се искачат до 36 степени.

Позначителна промена се очекува од понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а дневната макисмална температура нема да надминува 28 степени

Коментирај