Уште една жртва од Ласкарци: Почина 19-годишната девојка со ампутирана нога

0
678

Уште една жртва на трагичната автобуска несреќа на патот Скопје – Тетово. Денеска, на повредите им подлегна 19-годишната девојка, на која, по несреќата и беше ампутирана ногата.

–И покрај сите напори на лекарите да и го спасат животот, односно да ги санираат повредите, девојката почина денеска околу 13 часот,потврди за „Независен весник“, д-р Алберт Леши, раководител на Клиниката за траумалкогија, ортопедија, анестезија и анимација при Клиничкиот центар во Скопје.

Таа е 16. жртва на несреќата кај Ласкарци што се случи на 13 февруари кога автобус на „Дурмо турс“ полн со патници излета возејќи од Скопје кон Гостивар.

Извор:lider.mk

Коментирај