Уште еден шок трансфер во НБА – Вестбрук си замина од Оклахома, а веќе има нов клуб!

0
226

Оклахома Сити Тандер остана и без својата кошаркарска икона, господинот трипл-дабл Расел Вестбрук кој одлучи по толку години да ја промени средината.

Вестбрук беше трејдуван во Хјустон Рокетс, соопшти познатиот новинар Адријан Војнаровски.

Оклахома за неговите услуги го доби искусниот плејмејкер Крис Пол, како и пиковите од првата рунда на драфтот 2024 и 2026 и право на замена на пиковите од првата рунда на драфтовите во 2021 и 2025 година.

Новинарот Војнаровски додаде дека Вестбрук и неговиот менаџер работеле заедно со генералниот менаџер на Оклахома, Сем Прести со цел да го завршат неговиот трејд во Хјустон.

westbrook

На ваков потег Вестбрук се одлучи откако Пол Џорџ замина во клубот и потпиша за ЛА Клиперси, па така сега стана јасно дека Оклахома прави целосен ремонт на тимот.

Вестбрук ги поздрави навивачите на Оклахома, а многумина се прашуваат како ќе се вклопи со големата ѕвезда на Хјустон, Џејмс Харден, но останува да видиме…

Инаку, Харден и Расел беа соиграчи во Оклахома, но тогаш Харден не беше она што денеска е.

Коментирај