Уште еден сериски „sвep“ кој гази со 400 км/час – Бecна машина од 1.970.000 евра

0
399

Прототипот наречен XP2, управуван од тест возачот Кени Брак во вселенскиот центар Кенеди на Флорида. Да потсетиме, рекордот на Ф1 стар речиси три децении беше 386,4 км на час.

На патеката долга нешто повеќе од пет километри, тест прототипот успешно го повтори забрзувањето до 400 км на час 30 пати, со што се стави крај на програмата за максимална брзина. Инаку, XP2 се возеше и на патеките во Шпанија (Идијада) и во Германија (Папенбург).

Повторно, Speedtail има хибриден погон составен од 4,0 V8 твин-турбо мотор и електричен мотор, со максимален излез од 1070 КС и 1150 Nm. Достигнува 300 км на час за 13 секунди.

Првите испораки на McLaren Speedtail ќе бидат извршени во февруари 2020 година. Компанијата ќе произведе само 106 примероци од овој модел за цел светски автомобилски пазар, од кои секој ќе чини по 1.970.000 евра. И сите до еден се веќе продадени.

Извор: Таратур.мк

Коментирај