Уште еден доказ дека претераа: И Германија им сврте грб на САД

0
516

Германските разузнавачки авиони „Торнадо“ повеќе нема да помагаат за воздушните напади на САД во Сирија, изјави германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен, јави ДПА.

– Германските авиони имаа јасно дефинирана улога во меѓународната антитерористичка коалиција, имено да разузнаваат за мисии против радикалната организација „Исламска држава“, рече Фон дер Лајен за германската телевизија СВР.

Таа истакна дека авионите биле наменети само за борба против ИД.

– Одлуката нема ништо заедничко со проблемот со хемиско оружје, увери Фон дер Лајен.

Таа рече дека САД не побарале германска помош пред да го ракетираат сирискиот воен аеродром.

Коментирај