21 C
Скопје
среда, април 25, 2018
Спорт Други спортови Усеин Болт потпишал договор со фудбалски клуб, името ќе го открие утре...

Усеин Болт потпишал договор со фудбалски клуб, името ќе го открие утре (ВИДЕО)

0
94

Најбрзиот човек на планетата, Јамајканецот Усеин Болт конечно ќе си го оствари сонот, откако на социјалните мрежи објави дека – потпишал за фудбалски клуб.

Болт, кој е светски рекордер на 100 и 200 метри, олимписки шампион светски првак, не го откри клубот за кој потпишал, туку преку видео снимка најави дека името на клубот ќе биде јавно објавено во девет часот по македонско време.

Јамајканецот е голем навивач на Манчестер Јунајтед, а од поодамна се најавуваше дека ќе оди на проба во Борусија Дортмунд, како дел од договорот на германскиот бундеслигаш со спонзорот „Пума“, кој е официјален спонзор и на Болт.

Но, најверојатно Болт нема да потпише за еден од овие два бивши европски шампиони, туку новиот клуб е сосема трет. Така барем се најавува низ медиумите во светот.

Дотогаш, сите ќе чекаат да минат следните 24 часа за да дознаат каде ќе игра фудбал најбрзиот човек на светот.

Коментирај