Урнебесна сцена на хрватските репрезентативци: Додека Ловрен даваше изјава се појави Субашиќ и направи вистинско шоу (ВИДЕО)

0
201

Освен што на теренот ги даваат последните атоми од силите и во тоа се убедливо најдобри, хрватските фудбалери покажаа дека знаат како да се забавуваат и да се пошегуваат еден со друг. Ова видео е само еден пример.

После победата над Англија, репрезентативците на Хрватска беа барани и од страна на англиските новинари. Додека Дејан Ловрен даваше изјава, се појави Даниел Субашиќ и го „удри“ со пластично шише по глава.

-Years? Што зборуваш ти years?, на шега му кажа хрватскиот голман, а тоа од Ловрен беше проследено со кратка насмевка.

-Дај будало една, му кажа Ловрен само за да се ослободи од него.

Секако, набрзо двајцата отидоа да ја слават големата победа. Оваа сцена покажува каква атмосфера во овој момент владее во репрезентацијата на Хрватска, репрезентација која во моментов ја има поддршка од најголемиот дел од Балканот.

Коментирај