Уредничко деби на директорот на АМС, Каевски: Која е таа што „го примила корнишонот на премиерот“?

0
1100

Агенцијата за спорт и млади финансирала збирка поезија со скандалозна содржина на која директорот Дарко Каевски се потпишал како уредник јавија домашните медиуми. Во тираж од 5.000 примероци, Агенцијата за млади и спорт ја објавила книга Збирка поезија дел од проектот „Млади поети“, започнат во 2014 година.

Откако извесен Демир Незири на Фејсбук синоќа објави делови од збирка поезија од проектот „Млади поети“, чиј издавач е Агенцијата, а како уредник стои токму Дарко Каевски, на социјалните мрежи корисниците реагираа со голем број од коментари. Дека не станува збор за лажна вест сведочи оваа фотографија:

Од фотографијата недвосмислено се гледа кој е издавач и уредник на збирката. А сега, да видиме дел од содржината на песните. Првата песна е насловена како „Партиски вработена“. Еве дел од стиховите на оваа песна:

На кого ли мисли поетесава кога ги спомнува координаторот, директорот и особено корнишонот? Го знае ли Дарко Каевски одговорот на ова прашање.

Но, тоа не е сѐ. Објавен е и дел од песна која сериозно смрди на шовинизам. Еве ги тие стихови:

„Агим е шофер, Бурим е шнајдер, Ветон е швајсер, Дардан е шверцер…“ Читајте сами. Знае ли директорот-уредник Каевски што сакал да каже поетот?

Споменатиот Незири преку објава на Фејсбук го праша директорот на АМС, Каевски: „Дали си свесен дека институцијата која што ја водиш плаќа за песне што са шовинкстички, а некоаш са и на граница со говор на омраза? Дали си свесен дека ти си наведен као уредник? Ако си вистина уредник, да си даеш оставка пошто си го дозволил ова, ако не си да им удриш клоцете на тија што те места. Агенцијата за млади и спорт има премногу важна работа за да мора да се замара со вакви глупости!“

Напиша Дамир Незири на Фејсбук

Коментирај