Унал потпиша за Виљареал

0
341

Турскиот фудбалер Енес Унал кој досега настапуваше за Манчестер Сити кариерата ќе ја продолжи во шпанската Примера како играч на Виљареал.

Трансферот на 20-годишниот напаѓач официјално го потврди неговиот нов клуб преку соопштение во кое се објавува дека е договорена петгодишна соработка.

Унал на 18-годишна возраст од Брсаспор прејде во Манчестер Сити, но за англискиот клуб не одигра ниту еден натпревар, туку беше позајмен на белгиски Генк, па на холандските екипи НАЦ Бреда и Твенте.

За А-селекцијата на Турција има одиграно пет натпревари.

Коментирај