УМС Прилеп со предавање за Народно ослободителната борба го одбележа 11 октомври

0
190

УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп го одбележа 11 октомври, со предавање за Народно ослободителната борба во Македонија во периодот од 1941-1944 година.

IMG-8ef79703aa9c985f3ee3974888235ae5-VГоворниците меѓу кои и генералниот секретар на подмладокот на опозицијата Јован Јаулески, потенцираа дека делото на партизаните и борбата против фашизмот ја заокружи борбата за слобода и независност на Македонија, што преку АСНОМ се материјализираше во сопствена држава.

IMG-4d4e7a66bad6a55691d7f5884b3868ff-VБеше посочено дека партизаните и учесниците во НОБ, се продолжувачи на идејата и делото на ВМРО, стремеж кој по АСНОМ, во 1991 година се преточи во независна држава Македонија, во која ние денес живееме.

Коментирај