„Улица Диши длабоко“ – стихови и анегдоти од Џамбазов

0
325

Новата книга на Игор Џамазов, „Улица Диши длабоко“, стихови надополнети со анегдоти за секоја песна, ќе биде промовирана во ресторанот „Вип база“ („Трета македонска бригада“, во склоп на Американ колеџ), во среда, 27.12.2017 , во 19 часот.

„Улица Диши длабоко“ е збирка од најпознатите песни напишани или изведени од Игор Џамбазов. Покрај незаборавните блуз-стихови, тука се и забавните описи за инспирацијата и процесот на нивното настанување, како и општествените (не)прилики, интимните исповеди и сите негови (не)згоди и пороци.

Коментирај