Украл морска вода, мора да плати 1.500 евра

0
422

Германец кој деновиве на плажа во близина на Трст во камион ставил 24.000 литри морска вода е приведен од локалната полиција, по дојава на граѓанин.

„Крадецот“ треба да плати 1.579 евра и а водата да ја врати назад во морето.

Полицијата открила дека 48-годишниот германски државјанин во својот камион неоластено испумпал од морето 24.000 литри вода.

Германецот за време на полициското испрашување признал дека морската вода сакал да ја пренесе во Германија за потребите на еден аквариум со морски риби.

Коментирај