Украдени бонсаи вредни 120 илјади долари

0
108

Јапонска брачна двојка која се занимава со одгледување бонсаи стебла, упати емотивен повик кон крадците откако минатиот месец откри дека им се украдени седум вредни промероци, меѓу кои и 400 години стара смрека.

Сеиџи Лимура и неговата сопруга Фујуми соопштија дека вредните минијатурни стебла  биле украден од нивниот двор во префектурата Саитами во Токио, и оти им се „како деца“.

-Нема зборови со кои би можело да се опише како сега се чувствуваме јас и мојата сопруга. Тие бонсаи ни беа скапоцени. Тоа е наше богатство кое не би го продале за ниту едни пари. Како деца ни се, напиша Лимура.

Вредноста на украдените минијатурни стебла се проценува на повеќе од 13 милиони јени (околу 118.000 долари).

Шимпаку Јунипер, или мини смрека, е едно од најбараните видови бонсаи стебла меѓу колекционарите и ентузијастите. Неговата вредност се проценува на повеќе од 10 милиони јени (околу 91.000 долари).

-Нашиот Шимпаку живееше 400 години, му треба нега и не може да преживее без вода ниту една недела, изјави Лимура.

Брачната двојка Лимура се грижат за околу 3.000 бонсаи дрва во својата градина од 5.000 квадратни метри.

Коментирај