УХМР предупредува: Има услови за појава на невреме и град

0
149

Управата за хидрометеоролошки работи на својата интернет страница објави актуелно предупредување дека попладнево во делови на нашата земја ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и врнежи од град.

Денес во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град“, соопштуваат оттаму.

Извор:Република

Коментирај