Угриновски од „Тврдокорни“ упати отворено писмо со прашања до Заев и Спасовски

0
4799

ОТВОРЕНО ПИСМО СО ПРАШАЊА ДО ЗАЕВ И ОЛИВЕР

Кој обезбедува безбедност на Македонците во средините каде Македонците се во помал број од месното население , како што е во Скопските населби : Чаир, Топана, Скопје север, Шуто Оризари , Визбегово , Ченто и други населби , градови и села во Република Македонија.

Дали знае Заев и Оливер дека вчера по скандалозното и криминалното донесување на Законот за Албанскиот јазик, во горе наведените општини, населби , градови и села, Еуфорично се славеше со КАЛАШНИКОВИ, МИТРАЛЕЗИ, пушки и пиштоли, пропратено со турирање , пуштање на сирени од автомобилите и веење на албански знамиња.

Дали ние Македонците сме должни да го трпиме теророт од страна на немакедонците кои се помалку од 15% од вкупниот број на жители во РМ, а вештачки се прават повеќе од 25%.

Дали во своја држава треба да се криеме од криминалците кои слободно шетаат ,се закануваат и вршат притисок за иселување од тие средини.

Дали Заев и Оливер , како представници на власта сте во улога на заштита на Македонскиот народ и малцинствата кои живеат во РМ или сте до таа мерка корумпирани да не можете да мрднете со малиот прст против криминалците.

Дали Заев и Оливер па и Шилегов, можете да го решите каубојското однесување во сообраќајот на Пластичарска улица, Битпазар, Јаја паша и Чаир, или таму немате ингеренции или им дадовте на каубојците да го спроведуваат Законот на ДИВИОТ ЗАПАД.

Дали законите важат селективно, едно за Македонците, друго за албанците, до кога ние Македонците ќе бидеме граѓани од ВТОР ред, бидејќи веќе подолго време така се чувствуваме.

И за крај, (иако има уште многу да се пишува и прашува) Дали вие Заев и Оливер сте во функција на обезбедувањр мир и безбедност и дали ќе превземете мерки за одземање на вооружувањето кое е нелегално и се злоупотребува во секоја прилика или сте во функција на обезбедување на Законот на посилниот (ДИВ ЗАПАД).

Фејсбук објава на Драган Угриновски, претседател на здружението „Тврдокорни“ и член на Извршниот комитет на партијата „Заедничка Македонија“

Коментирај