UFC потврди: Овој борец е следниот противник на Кабиб Нурмагомедов!

0
140

Шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов го дозна името на неговиот следен противник во УФЦ.

Станува збор за американецот Дастин Поире кој со победата против Макс Холовеј си обезбеди борба со шампионот Кабиб Нурмагомеов.

Тоа го потврди и претседателот и прв човек на УФЦ, Дана Вајт.

„Да, точно тоа е идната борба. Поире ќе се бори против Хабиб, а тоа најверојатно ќе се случи во септември“, изјави Вајт.

За потсетување, последната борба на Нурмагомедов се случи во октомври минатата 2018 година кога со давање го победи Конор Мекгрегор.

Кабиб и Конор моментално издржуваат казна поради големиот инцидент кој се случи по нивната борба каде и двајцата добија суспензија и парични казни.

Коментирај