УЕФА СУПЕР КУП: Ова се најдобрите стрелци, играчите со најмногу настапи и најтрофејниот клуб

0
552

Во пресрет на најочекуван годишен фудбалски натпревар, УЕФА Супер Купот, кој за наша чест и задоволство ќе се оддржува во Скопје, ќе ве потсетиме на дел од историјата на ова натпреварување.

Во оваа прилика ви ги претставуваме најдобрите стрелци, играчите со најмногу настапи, како и најуспешниот клуб во историјата на УЕФА Супер Купот.

Најдобри стрелци во историјата на УЕФА Супер Куп натпреварот:
3: Олег Блохин (Динамо Киев), Радамел Фалкао (Атлетико Мадрид), Ари Хан (Ајакс, Андерлехт), Тери Макдермонт (Ливерпул), Лионел Меси (Барселона), Герд Милер (Баерн Минхен), Роб Ренсенбринк (Андерлехт), Франсоа Ван дер Елст (Андерлехт);

Најмногу настапи на УЕФА Супер Куп натпревар:
8: Алесандро Костакурта (Милан), Роберто Донадони (Милан)
7: Паоло Малдини (Милан), Даниеле Масаро (Милан), Мауро Тасоти (Милан)
6: Франко Барези (Милан), Ари Хан (Ајакс, Андерлехт)
5: Дани Алвеш (Севиља, Барселона), Марсел Десаи (Милан, Челзи), Алберт Ферер (Барселона, Челзи), Роналд Куман (ПСВ Ајндховен, Барселона), Атилио Ломбардо (Сампдорија, Јувентус, Лацио), Фил Нил (Ливерпул)

Најуспешен клуб во натпреварувањето е италијанскиот клуб Милан, кој ја освоил титулата пет пати и тоа во 1989, 1990, 1994, 2003 и 2007 година.

UEFA-Super-Kup-pobednici

Коментирај