„Убив цело семејство“: Ловџија се пофали со својот плен, па стана мета на жестоки осуди

0
703

Членот на Комисијата за рибарство и дивеч во американската држава Ајдахо, Блејк Фишер, предизвика ужас на социјалните мрежи и во јавноста со објавените фотографии од ловот во Африка.

Фишер се фали на социјалните мрежи со богатиот улов, како на пример со десетина мајмуни, павијани, со кои позира. Тој и неговата сопруга се фалат дека убиле најмалку 14 животни во Намибија. Тие биле толку горди што убивале животни, па фотографиите ги пратиле на над 100 меилови. Меѓу убиените се жирафа, леопард и антилопи.

Фишер на жестоките критики одговори дека не направил ништо неморално или неетички. Сепак, реакциите на јавноста во САД отидоа дотаму што членовите на неговата комисија побараа оставка од Фишер.

Најстрашна од сите фотографии, која предизвика згрозеност и меѓу ловџиите е онаа со убиените павијани, каде малото мајмунче е погодено со лак и стрела, а Фишер се смее меѓу мртвите тела на животните.

-Убив цело семејство, се пофали Фишер на фотографијата објавена на Фејсбук.

Коментирај