Убавата ракија помага

0
482

Многу години наназад  се смета дека убавата домашна ракија е  лек за многу болести, старите луѓе си ја сметаат и за природен стимулатор на имуниот систем. Квалитетната ракија е богата со антиоксиданси, кои ги елиминираат патогените во организмот. Еве за што може да ви помогне овој убав пијалок.
Ако страдате од гастритис по конзумирање на мрсна и тешка храна, напиете се малку ракија. Така многу брзо ќе го смирите вашиот стомак. Ракијата помога и при забоболка. Пивнете малку и жабуркајте на страната на болниот заб. Повторете уште 2-3 пати и ќе има ефект. Друга опција е памук натопен со ракија да го наместите врз болното место неколку минути.
Во сезоната на настинките болките во грлото се едни од најчестите проблеми со кои се среќаваме.  Малку ракија со неколку капки прополис брзо може да се справи со бактериската инфекција и да ги намали болките. Ракија може да додадете и кон вашите билни чаеви со мед. Чајот со ракија или коњак се вика „Весел чај“ :).  Неколку голтки убава домашна ракија можат да помогнат и во оние денови во кои менструалните грчеви, чувството на гадење и болките во стомакот го нарушуваат вашиот нормален ритам. По долгиот работен ден едно од најчестите болки, се болките во грбот. Освен што се препорачува да испиете околу 20-30 мл., онака за мерак, нека вашиот партнер ги измасира погодените места со ракија. Таа ќе ве се загрее пријатно и ќе ја ублажи болката.

Коментирај