Уапсени српските Бони и Клајд: На жртвите им ставале отров во пијалокот, ги силувале и ограбувале до гола кожа

0
232

Припадниците на МВР во Белград ги уапсија Б.Б. (1979) и А.Г. (1980) осомничени дека извршиле повеќе кривични дела разбојништво, тешки кражби и измами на територијата на Белград.

Постојат основани сомненија дека се јавувале на огласи за издавање станови и брачни понуди и по договарањето на условите околу изнајмувањето на станот или склопување познанства, на оштетените им турале опијати во пијалокот на оштетените, во момент на нивно невнимание, по што тие ја губеле свеста.

Потоа вршеле претурање и земале од становите пари, накит и други вредни предмети, и ваделе прстени, обетки и ланчиња од оштетените.

Б.Б. исто така се товари дека по омајување на една од оштетените, користејќи ја нејзината немоќ, извршил и кривично дело – недозволени полови дејства.

По налог на обвините, на Б.Б. и А.Г. им е одреден притвор до 48 часа, по што, со кривична пријава ќе бидат приведени во Првото основно јавно обвинителство во Белград.

Коментирај