Твитер профилот на претседателот Иванов е лажен

0
684

Лажен профил со име и фотографија од претседателот Ѓорге Иванов на социјалната мрежа Твитер шири лажни вести, објави „Независен“.

Од Кабинетот на претседателот за „Независен весник“, потврдиле дека тој нема профил на оваа социјална мрежа.

– Станува збор за лажен профил, претседателот нема ништо со тоа. Случајот ќе биде пријавен до надлежните служби во Министерството за внатрешни работи – изјавиле за „Независен весник“ од Кабинетот на претседателот Иванов.

Профилот е отворен пред неколку дена, а на 13 ноември првиот твит кој е споделен е „Добредојде“, (Welcome!).  На профилот има и други соопштувања, како тоа дека претседателот и неговата сопруга се во посета на Јордан.

Денеска на овој лажен налог беше споделена лажна информација дека до Иванов стигнало известување дека Никола Груевски починал.

ivanov2-520x273

„Ургентно. Претседателството на Република Македонија ја прими веста за ненадејната смрт на поранешниот премиер Никола Груевски. Нема детали. Официјално соопштение да биде објавено наскоро,“ пишува лажниот профил.

Извор:republika.mk

Коментирај