„ТВ 24“: Катица Јанева, и по 11 дена, сè уште ја нема испратено оставката до Советот на обвинители

0
253

Освен што е со услов, оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева засега останува само на хартија. Дека оставката ќе се активира кога ќе се избере нејзин наследник, Јанева соопшти уште истиот момент кога соопшти и дека се повлекува од функцијата. Но чудното е што, како што дознава „ТВ 24“, и по 11 дена откако беше најавена, оставката на специјалната јавна обвинителка сè уште не е испратена до Советот на обвинители кој треба истата да ја верификува.

„ …Оставка на два месеца пред истек на мандатот, со тоа што вие ја вршите функцијата натаму, навистина не знам како да го коментирам… Ние не бевме информирани дека не ја поднела до Советот на јавни обвинители“, коментира Натали Петровска од Коалиција за правично судење.

Извор: Курир / Повеќе детали на: ТВ 24

Коментирај