И Тунтев и „шарените пратеници“ биле збунети и контра Прибе

0
813

Електронскиот извештај за гласањето по предлог законот со кој се уредуваат прашања поврзани со овновните човекови права кој се наоѓа на листата со препораки од европската експертска комисија покажува дека во двете најголеми партии и во останатите име многу „збунети“ и „нерасонети“ пратеници.

Меѓу дефокусираните и деконцентрирани пратеници како што самиот ги нарече тие што не гласале е и координаторот на пратеничката група на СДСМ Тунтев кој не објасни што го збунило. Тој во изјавата по одбивањето да се прифатат сугестиите на групата на Прибе рече дека на првата точка од дневниот ред пратениците не биле фокусирани на работата и затоа не гласале.

Меѓу тие што не гласале се и сите 5 независни пратеници на СДСМ кои што се претставуваат како граѓанско крило на владеачката партија.

За разлика од пратеникот Павле Богоевски кој не бил присутен на седница во понеделникот останатие независни пратеници Ферид Мухиќ, Ивана Туфекџиќ, Ирена Стефовска и Стево Пендаровски биле присутни но не гласале.

Со оглед на интелектуалниот, стручен и научен капацитет на овие пратеници кој што е неспорен крајно нелогично е да се тврди дека тие биле збунети и деконцентрирани.

Извор: Експрес

Коментирај