Тунтев: Новиот предлог за гувернер од Иванов ја заслужува нашата поддршка

0
400

Новиот предлог на претседателот Ѓорге Иванов за жена гувернерка на Народната банка на Република Македонија што доаѓа од редот на професионалци – експерти, сметам дека ја заслужува нашата поддршка, изјавил за МИА координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев.

Анита Ангеловска – Бежоска, актуелен вицегувернер во НБРМ, е новиот предлог на Иванов за гувернер, откако Димитар Богов се повлече од кандидатурата.

Тунтев потсети дека минатото лето пратеничката група предводена од СДСМ го искажала својот афирмативен став и ја дала својата поддршка за Ангеловска – Бежоска, кога го поддржале и гласале нејзиниот реизбор на функцијата вицегувернер на НБРМ.

– Имајќи го предвид нејзиното импозантно CV, нејзиното богато искуство и нејзините професионални постигнувања, јас воопшто не се сомневам дека генералниот став на нашата пратеничка група во врска со овој предлог ќе остане непроменет – дека ќе биде позитивен и дека само ќе биде потврда на претстојната координативна средба на пратеничката група на почетокот на наредната сеница, вели Тунтев.

Коментирај